Дали GoldApis+ е безбеден за моите пчелни семејства?

Апсолутно безбеден, и уште повеќе, тоа е најдобрата форма на цврста храна за пчели. Со консумирањето на GoldApis+, пчелите се под минимален физиолошки стрес и воедно со подолг животен век.

Од кои компоненти и состојки се состои GoldApis+?

Сите природни, шеќер, вода и органска киселина за инвертирање на шеќерите.

Како ги анализирате својствата на GoldApis+?

Редовно испраќаме примероци од различни производствени лотови/серии до акредитираните државни институции (AOAC). На Ваше писмено барање со задоволство ќе Ви доставиме копија од лабораторискиот сертификат.

Може ли да ги прихранам пчелите со GoldApis+ за време на паша?

За продуктивни и силни пчелни семејства, не препорачуваме прихрана за време на паша. Сепак, во секое време од годината може да се користи за развој на роевите или нуклеусите, оплодниците  или кафезите за матици.

А што во зимскиот период? Можам ли да ги прихранам моите пчелни семејства со GoldApis+ ?

Да, многу подобро од која било друга форма на цврста храна за пчели, првенствено поради речиси незабележливите и ниски вредности на HMF во споредба со производи од други произведувачи на храна за пчели. За детални резултати од нашите истражувања, Ве молиме да го проверите следниот линк.

Дали произведувате органски GoldApis+ ?

Да, GoldApis+ е достапен за сертифицирано органско пчеларство. Ова е прва органска храна за пчели достапна во Македонија. Сепак, поради ограничените количини потребно е да нарачате однапред. Ве молиме контактирајте не  на следниот линк.

Дали може да извезете GoldApis+ и во мојата земја?

Да, нема рестрикции или ограничувања за редовен извоз во други земји. Сепак, Ве молиме проверете ги Вашите државни регулативи за специфичните барања и критериуми за увоз.