МИСИЈАТА НА GOLD BRICKS Е ЗДРАВИ ПЧЕЛИ, ЧИСТА ОКОЛИНА И МЕД СО ИЗВОНРЕДЕН ВКУС!

Безбедни и исклучителни пчелни производи како и среќни пчели во недопрена средина, се сржта на нашата пчеларска филозофија. Нашите пчели собираат нектар и полен од недопрените планински висорамнини до врвовите високи повеќе од 2000 метри, во срцето на Националниот парк Маврово.

Им дозволуваме на домашните медоносни пчели (Apis mellifera macedonica) да ги искористат скудните, но најдобри достапни ресурси од ендемските растенија. Gold Bricks непречено го поддржуваат природниот танц пчели-цвеќиња, поддржувајќи ги колониите само со минималистичко и природно пчеларство, концепт уникатно применет од нас. Така се собира медот и поленот од  Gold Bricks. Тие се карактеризираат со вкус кој е исклучителен и природен, а ви ги доставувуваме по највисоките еколошки стандарди за безбедност на храна.

Исто така, ние се грижиме и за нашите партнери, пчелите. Gold Bricks произведува фондан GoldApis+, храна за медоносните пчелни колонии што им овозможува на пчеларите лесно да го нанесуваат, задржувајки ги своите својства долго време. Најважно, пчелите го консумираат со минимален физиолошки стрес, што овозможува размножување на здрави и продуктивни пчелни колонии.

Уверени во иднината на пчеларството, ние чекориме со нашиот компетентен тим пчелари, експерти за храна и научници за пчеларството.